Туристик Дибра

Дебарскиот регион е познат по бањскиот и риболовниот туризам. Секако, постојат можности за нивно унапредување и реорганизирање. Со ваква иницијатива „Туристик Дибра“ ќе се градат капацитети на заедницата за развој на руралниот туризам и идентификување на давателите на услуги за туристите.

Според иницијаторот, иако се зголемува бројот на индивидуални туристи кои го посетуваат Балканот генерално, сепак во овој регион не се мапирани давателите на приватно сместување, нема протокол за стандардизација на приватно сместување, ниту општината води регистар на даватели на приватно сместување. Во регионот има само еден туристички водич кој не е добро обучен  и не се идентификувани ниту производителите на традиционални производи (сирење, мед, тестенини и друго). Дебарскиот регион го посетуваат дневни туристи најмногу од Пешкопеа, Тирана (Албанија) и Охрид но поради немање доволен капацитет за сместување тие не престојуваат во Дебар.Голем е и бројот на туристи од Европа кои доаѓаат со велосипеди, мотори, кампери и слично, кои немаат каде да преспијат и продолжуваат во други градови.

Решението на проблемот, според иницијативата, е преку локалните медиуми да се информира локалното население за можностите за туризам (изнајмување приватно сместување и продажба на традиционални производи) и за минималните стандарди кои треба да се исполнат за да се приклучат на иницијативата, да се направи обука за туристички водичи (пешачење и возење велосипед), обука за даватели на приватно сместување со цел да се обезбеди барем една куќа од секое село со посебен фокус на куќите околу езерото и градот Дебар, потоа да се развие дигитално решение / платформа / блог за промоција на туристички услуги, да се организираат Саем за традиционални производи, Ден на свечено отворање на туристичката сезона и турнир во риболов.

Клучни партнери на иницијативата се здруженијата ОЗОН 3, Месечина-Д, Радика-Де, Трофта, Планинарско друштво Кораби и Здружение Be active. Иницијаторот очекува поддршка од општина Дебар, месни заедници, приватни компании (како Слајс, Дебарски бањи и Здружение на дебарчани од Њујорк) да ја поддржат иницијативата со финансии и активности, а ќе имаат поддршка и од Здружението Центар за одржлив развој на заедницата.

 

  • 1.107.000 ден

    Funding Goal
  • ден

    Funds Raised
  • 0

    Days to go
  • Target Goal

    Campaign End Method
Raised Percent :
0%
Minimum amount is ден100 Maximum amount is ден10000 Put a valid number
ден

n f

6 Campaigns | 0 Loved campaigns

See full bio

ID Name Email Amount
19132Nikola Cacanoskinikola.cacanoski@gdi.net