Новости

Центар за Одржлив Развој – Дебар: Спасители на плажа на Дебарско Езеро

Во 2018 година, Здружението Центар за Одржлив развој на Заедницата од Дебар започна иницијатива за поставување на спасители во плажата на дебарско езеро. Истата година се поставија знаци на езерото и се постави пункт за спасители на плажа, но поради недостаток на средства иницијатива не се реализираше. Во 2019 година за истата иницијатива како главни донатори беа Здружение на дебарска дијаспора од Њујорк и Здружение за татковината Дебар – ШАД, кои ги покрија сите трошоци за реализација на инцијативата. За уште поуспешна реализација на иницијатива се вклучи и локалната организација Црвен Крст Дебар.

Ова година преку Црвен Крст Дебар, 8 спасители вршеа обука за спасители на мирни води и добија лиценца на спасители.  ШАД набави опрема за спасители и опрема за капење за деца и непливачи, исто така обезбеди и хонорар за 6 спасители за месеците јули и август. Рестораните кои работат во плажата зема обврска да им служат бесплатен оброк на спасителите. Во 2020 година повторно ШАД обезбеди хонорари за 4 спасители и од страна на донаторите се покрена иницијатива, спасителите да се финансираат во иднина од страна на Општина Дебар. Во 2021 година Општина Дебар позитивно одговори на барањето на иницијаторите/донаторите и прифати да го покрие хонорарот на спасителите да од буџетот на општината, и тоа да го прави секоја година.

Вкупениот буџет за оваа иницијатива изнесува 555,000.00 МКД