Иницијатива за професионално советување и менторство на ученици

  • 400.000 ден

    Funding Goal
  • ден

    Funds Raised
  • 0

    Days to go
  • Target Goal

    Campaign End Method
Raised Percent :
0%
Minimum amount is ден100 Maximum amount is ден10000 Put a valid number
ден

n f

6 Campaigns | 0 Loved campaigns

See full bio

Category:

Description

 

Професионално советување и менторство на ученици при изборот на идната професија ќе обезбеди Псикалб (Psychalb) центарот од Тетово преку својата најнова иницијатива.

Со формулацијата „Размислувај амбициозно“ Псикалб центарот ќе ги мотивира младите во Тетово да се советуваат за својата идна професија, бидејќи училиштата не нудат соодветни услуги за професионално орјентација на матурантите. Исто така, со оваа иницијатива, тие ќе се обидат да го санираат проблемот со огромниот број невработени лица во тетовскиот регион и покрај потребата од работна сила за компаниите и проблемот со високата емиграција на младите лица во западните држави.

Оваа иницијатива ќе придонесе кон правилен избор на професија и задоволни ученици, потоа утврдување на вештините и знаењата за да бидат успешни во својата професија, можноста да поставуваат јасни цели за својата идна кариера и да креираат лично портфолио. Иницијатива ќе се реализира преку повеќе активности, меѓу кои: групни обуки со учениците за професионална ориентација, самопроценка на интереси, вештини и други карактеристики на личноста, утврдување на потребата од вештини и знаења за нивната идна професија и нивно информирање за постоечките обуки и/или насоки на универзитетите, потоа индивидуално професионално советување, за давање помош во разбирањето на односот помеѓу изборот на кариера и последователната значајна работа, преземање лична одговорност за изборот на кариера и менторство на дипломирани студенти во периодот на избор на професија и пријавување на факултет или посетување обука.

Истражувањето на Псикалб покажало дека институциите работат за ориентирање на матурантите за кариера, но не нудат континуирана услуга за професионално советување на младите, како што се средните училишта, Бирото за образование и Агенција за вработување Тетово. Според статистиката на агенција на вработување, 14.095 лица или 12.3% од невработени лица во Тетово имаат завршено средно или високо образование. Ова е резултат на неусогласеноста меѓу барањата за слободни работни места и младите со завршено образование. Ваквите констатации се резултат на реализирани интервјуа и анализа на статистички податоци, анализирани локални планови за развој, планови на локалните компании за општествена одговорност, активности на останати чинители (невладини, локални институции) и преку активности и директни дискусии со средношколци. Од Псикалб направиле и теренско истражување кај релевантните институции кои немале рамка за спроведување на професионална ориентација.

Идејата е насочена кон матурантите од Тетово и заинтересирани дипломци кои имаат потреба од стручно советување и менторство со што ќе им се овозможи избор на „вистинската професија“ со која ќе можат лесно да се најдат на домашниот пазар на труд. Проектот ќе трае 8 месеци во текот на 2023 година со вредност од 400.000 денари.

 

 

 

 

ID Name Email Amount
19132Nikola Cacanoskinikola.cacanoski@gdi.net