Публикации

Извештај за соработка – ПИЗ 2021

Примарната цел на ова истражување e утврдување на соработката на жителите со единиците на локална самоуправа, при што фокусот e насочен кон вклученоста на жителите во активностите кои ги превземаат локалните актери за задоволување на потребите од јавен интерес, координација на локалните групи од интерес и соработката со јавните институции.

Истражувањето на соработката во заедницата се реализираше преку собирање и анализа на квалитативни податоци со цел да се добијат информации за перцепцијата на жителите за соработката во заедницата, како и квантитативни методи на собирање на податоци со цел да се добијат информации за статистички податоци и поцеловита слика за состојбата.

Таргетираните региони –  Дебар, Струмица, Скопје и Тетово.