Новости

ПОВИК ДО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ – ВТОРА ФАЗА

Фондацијата Албиз во рамки на проектот “Платформа за инвестиции во заедницата (ЦИП)”, објавува јавен повик за доделување грантови-втора фаза. Проектот е финансиран од Европската Унија

Целта на повикот е да ги мотивира и поддржи локалните грас-рут граѓански организации да реализираат проекти во заедницата преку кои ќе се создаваат услови за подобрување на квалитетот на живот на  жителите, со посебен фокус кон младите и жените. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на повикот за грантови изнесува 45,500 евра. Ќе се доделат седум грантови во износ помеѓу 5,000 и 6,500 евра. Грантот ќе покрие 90% од вкупните подобни трошоци. Организациите треба да обезбедат 10% кофинансирање.

Рокот за поднесување на апликациите е 15 април 2023г. до 16:00 часот.

Апликациите може да се достават на имејл адресата info@cip.mk со назнака: Апликација за грант/ЦИП – Втора фаза 2023

Доколку имате дополнителни прашања во врска со повикот, истите може да се достават на info@cip.mk со назнака: Инфо за аплицирање/ЦИП-Втора фаза 2023, најдоцна до 5-ти април 2023г. Поставените прашања и одговорите ќе бидат достапни на www.cip.mk во делот новости. 

Дополнително ќе се организира една информативна онлајн сесија на 29-ти март (среда) 2023г. на Google Meet во12:00 часот. Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за гореспоменатата инфосесија најдоцна до 28-ми март 2023 г. на info@cip.mk. Линк за инфосесија ќе добијат сите кои ќе се пријават.

Се поттикнуваат организациите ажурно да ја следат веб-страницата www.cip.mk  за да добијат навремени информации.

Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање: