Нема продукти во Кошничката.
Асоцијација за правата на деца и младинци со посебни потреби-Ластовица Скопје
- by nazlije
Членка Category: Граѓански организации | Organizata joqeveritare
Целта на оваа НВО е масовна интеграција на лицата со посебни потреби во сите делови на животот. Овие деца и младинци имаат право на еднакво учество во заедницата, исто како и секој од нас. Тие заслужуваат да имаат отворени врати во секој аспект на живеење: здравството, образованието, културата и јавниот живот. Неминовноста од подигање на јавната свест во нашата земја, ја наметнува потребата од фунционирање на нашата асоцијација токму во тој правец. Преку активностите и напорите што оваа НВО прави, децата и младите со посебни потреби треба да го најдат своето место во општество и да се почувствуваат како рамноправни граѓани на нашето општество, поштедени од секаква дискриминација.
За непречено функционирање на овој центар потребно е максимална посветеност и многу енергија, што за среќа ги поседуваат сите оние кои се на некаков начин вклучени во работата на овој центар.
НВО Ластовица има свои подружници (истурени единици) во источниот (Виница), западниот (Гостивар) и централниот( Прилеп) дел на земјава кои работат и функционираат под исто мото и со исти цели како и централната единица во Скопје. Од 2019 година отворен е и професионално кариерен центар Ластовица крафтарт каде посебен осврт се става на професионалната ориентација и вработувањето на лицата од маргинализираните групи, жените и младите лица со попреченост
АСНОМ бр. 60-2/18, населба Аеродром, во близина на хотел Русија
Skopje
Skopje Region
1000
Macedonia (the former Yugoslav Republic of)
Skopje
Skopje Region
1000
Macedonia (the former Yugoslav Republic of)
Loading...
No Records Found
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Maps failed to load
Sorry, unable to load the Maps API.

