Новости

Фондација Албиз: Реновирање на основните училишта во општина Сарај

Во 2017 година Фондација Албиз го реализираше проектот “Реновирање на основните училишта во Општина Сарај”. Во рамките на проектот се реновираа делови на основните училишта: О.У „Дитурија“- со објектите во с.Сарај, с. Грчец и с. Крушопек, О.У „Дрита“ с. Рашче и с. Копаница и  О.У „Сами Фрашери“ с.Шишево,  О.У „Бајрам Шабани“ с. Кондово,  О.У „Ибе Паликуќа“ с. Бојане, О.У Емин Дураку со објектите с. Буковиќ и с. Арнакија

Проектот се реализирше со финансиска поддршка од следниве бизнис: Алма –М, Баукоп, Ефтинија Импекс, Адријус, Фрукт Импорт и ЈУС МБ. Исто така и Општина Сарај беше значителна поддршка во процесот на реализација на овој проект. Вкупен буџет на проектот изнесува 10,516,500.00 МКД.

Поправките беа од тип: поправени и опремени тоалети, надворешно боење и предна фасада, поправени плафони, промена на кров, поправка на подови, замена на прозорци и врати, и друго.