Новости

Меѓусекторски состанок во Скопје

Денеска, на 25.11.2021 година во хотелот Double Tree by Hilton се одржа меѓу-секторска средба во рамки на проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“. Нa оваа средба беа презентирани наодите од истражувањето „Перцепции на граѓанското општество и бизнис секторот за инвестирање во заедницата“, исто така беа разменети искустваа и добри практики од соработката на граѓанскиот сектор, бизнисот и јавниот сектор од Скопје и можностите за продолжување на соработката меѓу овие сектори.

Оваа активност беше реализирана во рамките на проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“, проект финансиски поддржан од Европската Унија и имплементиран од страна на Фондацијата Албиз во партнерство со Мултикултура, Центарот за одржлив развој на заедницата и Центарот за истражување и анализа НОВУС.