Меѓусекторски состанок во Струмица
Денес во Струмица во организација на Центар за истражување и анализи НОВУС се одржа продуктивна средба со граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор во рамките на проектот “Платформа за инвестиции во заедницата” на којашто од страна на Фондација Албиз беше презентирана Платформата за инвестиции во заедницата, додека пак Г-н Горан Велески, надворешен експерт ги презентираше наодите од истражувањето за меѓу-секторската соработка на граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор.
Просечната оценка на перцепцијата на граѓанските организации и претпријатијата за соработката во заедницата изнесува 2.7 на скала од 1 до 5, каде што 1 е најлоша оценка, а 5 најдобра оценка. Граѓанските организации ја оценуваат соработката со 2.8, а претпријатијата со 2.5.
Анализата на резултатите од анкетата покажува дека најголемите потреби на жителите на заедницата се подобрување на состојбата со младите и еднаквоста на жените (22% од одговорите), и подобрување на локалната инфраструктура (22% од одговорите). Граѓанските организации исто така сметаат дека најголеми се потребите за подобрување на состојбата со младите и еднаквоста на жените со 29%, додека бизнис секторот смета дека најголеми се потребите за подобрување на локалната инфраструктура со 33%.
Проектот цели кон унапредување на капацитетот на локалните граѓански организации за градење меѓу-секторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедниците.Проектот е финансиран од страна на Европската Унија.