Новости

Продолжуваме со градење на капацитетите на граѓанските организации

Денес во просториите на Фондацијата Албиз во Сарај се одржа работилница за градење на капацитетите на организациите од граѓанскиот сектор на која присуствуваа пет граѓански организации од Скопје и тоа: Хоризон Цивитас, Флагелум, ЗИП Институт, Диванхана и Исламски младински форум. На работилницата учесниците имаа можност да развијат проектна идеја која во иднина ќе биде преработена во проект предлог и ќе биде објавен во Платформата за инвестиции во заедницата како алатка за прибирање на финансикси средстсва со цел да се обезбеди финансиска подршка за реализација на истиот.