Нема продукти во Кошничката.
Продолжуваме со нови обуки
Ја отпочнавме новата серија на обуки „Вештини за дигитални медиуми“ во рамки на Платформата за инвестиции во заедницата. Претставници од граѓанските организации Planet-M Giffoni, Kalliri i mirësisë, Dritë shprese, ZIP Institut, Flagellum, Horiozn Civitas, Feniks 2022 и Legis ја следеа првата обука во просториите на Фондацијата Албиз во Сарај, на која имаа можност да се запознаат со главните дигитални алатки и платформи кои ќе можат да ги користат за дигитална промоција на нивните активности.
