И ние можеме, и ние умееме – ТОРТИЈАДА 2023

  • 70.000 ден

    целна сума
  • ден

    собрани средства
  • 0

    денови до крај
  • Цел

    до исполнување на целта
постигнато во проценти :
0%
Minimum amount is ден Maximum amount is ден Put a valid number
ден

n f

6 иницијативи | 0 Обележани иницијативи

Поопширно за иницијаторот

Категорија

Опис

Традиционална манифестација на Мобилност Струмица која се одржува 23 години, со цел за поголема инлкузија на лицата со инвалидитет каде можат да се дружат и да ги покажат своите вештини во изработка на торти.

За да ја реализираме организацијата на оваа манифестаација потребни ни се средства како би обезбедиле ноќевања на нашите членови од другите градови кои што се пријавуваат за учество на манифестацијата, исто така потребни се средства за храна и пијалок, за послужување на присутните членови на манифестацијата. Зависно од можностите, би сакале да обезбедиме скромни подароци на првите три најдобри изработки, како би ја зголемиле мотивацијата за учество во манифестацијата.

Долгогодишната работа на терен со лицата со попреченост се повеќе не уверува дека има потреба од вакви настани, каде истите тие лица ќе добијат можност да ги покажат своите вештини и знаења и да ги презентираат во јавноста.

Нашата граѓанска инцијатива е специјализирана за конкретната општествена појава и имаме доволна упатеност во конкретни области од животот на заедницата. Искуството од спроведените проекти и знаењето за улогата на сите вклучени страни се од огромно значење за постигнување на најголемиот можен ефект од секоја донација. Ние веруваме надминувањето на горенаведениот проблем е возможно да се реши со здружување.

Со одржување на оваа манифестација, ТОРТИЈАДА (која е препознатлив белег на Мобилност Струмица, како во регионот, така и пошироко) го решаваме проблемот со социјализацијата и инклузијата на лицата со попреченост, за кој сметаме дека е клучен фактор за поквалитетен живот на лицата со попреченост.

Корист или бенефит од оваа манифестација е подигање на јавната свест кај останатите грагани, дека и лицата со попреченост можат да се носат рамо до рамо со останатите луге, да бидат активни чинители во општеството, да дават свој придоноес, да бидат вклучени во самата организација и реализација на манифестацијата, каде ќе ги покажат своите организацииски вештини и онаа најважното, надминување на стигмите и бариерите, со цел за поквалитетен живот на лицата со попреченост.

 

За цела реализација потребно е – 70. 000 денари

ID Name Email Amount
19132Nikola Cacanoskinikola.cacanoski@gdi.net