Опис
Дневен инклузивен простор за млади со попреченост кој ќе обезбеди нивна социјализација и реинтеграција во општеството е една од иницијативите доставени до Платформата за инвестиции во заедницата.
Со оваа иницијатива, насловена како „Сите сме исти, сите заслужуваме радост!“ , етно ресторанот – Кај Виктор ќе работи на едукација на населението и на родителите во поглед на лицата со попреченост и на општата јавност за дневните предизвици со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Овој простор ќе се однесува за сите лица со попреченост на возраст од 7-30 години. Иницијативата ќе придонесе до социјализација на лицата со попреченост, стекнување животни вештини, смиреност и адаптација за социјален живот, како и можност нивните родители да се вклучат во програмата или да го искористат слободното време за да се погрижат за своите приватни или професионални активности.