Новости

Работилница за градење капацитети

На 20.07.2022, во рамки на активноста Менторска поддршка на граѓански организации, како дел од проектот Платформа за инвестиции во заедницата, Фондацијата Албиз во соработка со проектните партнери Мултикултура, CSCD и НОВУС спроведе ОНЛАЈН работилница со цел унапредување на капацитетот на локалните граѓански организации за градење меѓусекторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедниците.

Работилницата ја следеа 20 претставници од повеќе граѓански организации од Скопје, Тетово, Дебар и Струмица, региони во кои се спроведува проектот. Учесниците имаа можност да се запознаат со Платформата за Инвестиции во Заедницата како алатка за зајакнување на капацитетот за собирање средства на локалните заедници преку иницијативи предводени од граѓански организации и јавно-приватни иницијативи.