Работна средба на членките на Платформата во Струмица
Во организација на нашата партнерска организација НОВУС на 13.10.2022 во Струмица се одржа работна средба на членките на Платформата за инвестиции во заедницата од граѓанскиот и бизнис секторот од регионот. Целта на состанок беше да се промовира Дигиталната платформа за инвестиции, можностите за преструктуирање и реорганизација, како и градење на стратегија за понатамошно промовирање како алатка за “crowdfunding”.