Летен камп „Прва радост“

Десет деца со посебни потреби да учествуваат на пет дневен летен камп „Прва радост“ за да се обезбеди инклузија и социјализација со своите врсници надвор од училиште. Со оваа иницијатива ќе се опфатат десетина деца на учениците од основното училиште на регионалниот центар „Иднина“ кои немале можност да учествуваат во интерактивни вон-наставни активности со своите врсници надвор од училиште. На кампот ќе учествуваат деца на возраст од 7 до 18 годишна возраст кои може самостојно да патуваат и престојуваат надвор од семејството.

Многу од нив досега го немаат напуштено градот Скопје, ниту имаат какви било искуства од семеен или друг вид одмор. Затоа ќе се преземат разни интервенции од образовен и воспитен карактер во нивното најтесно опкружување и ќе се организираат активности кои ќе придонесат кон подобрување на социјалните контакти, социјалното однесување и правилно насочување на детското расудување на одредени ситуации во текот на животот.  

Во ова училиште учат учениците со посебни потреби (деца со аутизам, даунов синдром, лесна попреченост во интелектуалниот развој, деца со комбинирани пречки во развојот), кои потекнуваат од мултиетничка средина и имаат различен социјален статус. Со нивно опфаќање се придонесува кон развој, учење и зајакнување на нови вештини за самостоен живот на учениците и активности кои ќе ги збогатат нивните социјални вештини. Ова ќе го добијат преку стекнување знаења и вештини кај учениците, потоа нивно промовирање како лица со еднакви права во општеството, кои ќе се запознаат со барања, социјални однесувања и начини на кои ќе можат да се изразат, што е подлога за развивање индивидуи со развиено чувство за корисни членови во општеството. Потоа, ќе се развие комплексна и комплементарна програма за спроведување на летниот камп и ќе се развијат социјални, спортски и креативни вештини на децата со посебни потреби во поинаква, надвор од училишната и домашната средина (логички – стимулирачки игри, игри во вода, песок, пливање, активности за развој на моторика (фина, груба, фацијално – орална), пикник, креативни игри, секојдневна еко патрола.

Со буџет од 408,000.00 денари ќе се овозможи социјализација на маргинализирана група и подобрување на нивниот квалитетот на живот, промовирање на принципот на еднакво учество на сите во општеството, директна корист за учесниците и нивните семејства и идентификување на можностите за понатамошен развој.

Од спроведените анкети со надлежните во училиштата е потврдено дека досега нивните ученици воопшто не учествувале во летен камп со своите врсници. Иницијативата на Министерството за труд и социјална политика во 2022 година, според последниот извештај, опфатила 95 лица во првата група (вкупно рангирани 58 корисници и 37 лица-придружба, а преку иницијативата на Млади МК за средно биле опфатени 15 млади. Сите останати деца со попреченост не учествувале во ваков тип на активност. Исто така, слична иницијатива реализира Град Скопје кој во својата програма за работа нуди бесплатен јавен превоз за лицата со посебни потреби.

Општествената одговорност во моментов кај нас се базира на доброволен концепт со тоа што постојат компании кои сами одлучуваат доброволно да направи нешто повеќе од она што е предвидено со законот. Пример за компании кои овозможиле ваков тип летување се Макпрогрес Виница, кои во периодот од 10 до 14  јуни 2017 година во соработка со Црвен Крст на РМ во рамките на проектот „Подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби“, опфатиле 13 деца, млади сместени во Дневните центри од  Виница, Куманово и Штип. Летувањето било во Солферино, Струга. Потоа, Фејсбук групата „Бесплатно сместување Македонија“, исто така, обезбедила одмор за 37 семејства кои имаат деца со посебни потреби. Деца со попреченост летувале во детското одморалиште „Радости“ во Охрид, во рамки на летен камп, реализиран и финансиран од страна Општина Бутел во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија.

 

  • 408.000 ден

    Funding Goal
  • 100 ден

    Funds Raised
  • 0

    Days to go
  • Target Goal

    Campaign End Method
Raised Percent :
0.02%
Minimum amount is ден100 Maximum amount is ден10000 Put a valid number
ден

n f

10 Campaigns | 0 Loved campaigns

See full bio

Category:

Description

 

 

ID Name Email Amount
19132Nikola Cacanoskinikola.cacanoski@gdi.net100 ден