Новости

Средба со членовите на платформата од Скопје

На 10-ти ноември 2021 год. (среда), со почеток од 11:00 часот, во хотел DoubleTree by Hilton, Скопје се одржа првата средба со членовите на Платформата за инвестиции во заедницата од Скопје.

За време на средбата беше претставена Платформата за инвестиции во заедницата, на која членовите на платформата имаа можност да се сретнат и да ги разменат своите искуства и мислења за меѓусекторската соработка, потребата од социјални иницијативи и идна соработка.

По кратка дискусија, проектниот менаџер сподели 3 иницијативи од 3 различни општини или успешни приказни кои беа реализирани со успешна соработка на граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор.

Мора да напоменеме дека дека сите присутни спомнаа Филантропија и Општествена Одговорност. Членовите на платформата ја истакнаа важноста од подобрување на квалитетот на животот во нашата заедница. Невладиниот сектор смета дека заедно со бизнис секторот и јавниот сектор имаат одговорност да се грижат за децата, старите и маргинализираните групи и да им го олеснат и подобрат животот.