Новости

Средба со членовите на Управниот Одбор

На 16 февруари 2022 година (среда), во Скопје се одржа состанок со членовите на Управниот Одбор, во рамките на проектот Платформа за Инвестиции во Заедницата.


Дел од оваа средба беа претставници од јавниот сектор, општина Дебар и општина Тетово, претставници од бизнис секторот, Даути-Транспортшпед, Даути Комерц и Локалис Трејд, како и претставници од граѓанскиот сектор, Фондација Албиз.


Покрај заедничките теми за проектните активности и имплементација, внимание беше посветено и на програмата за подгрантови која наскоро ќе биде објавена. Овој повик е дел од Платформата за Инвестиции во Заедницата и му дава можност на невладиниот сектор да аплицира за финансиска поддршка за иницијативи фокусирани на жените и младите.


Сите присутни се согласија дека мора да работиме и да поддржиме иницијативи кои ќе ја зголемат свеста кај младите дека практиканството не е губење време, туку успешната практика е карта за идно вработување во компанијата или друга работа. ЦИП ќе се фокусира на иницијативите на граѓанскиот сектор кои ќе го поддржат женското претприемништво.


Останете во тек, следуваат прекрасни активности!