Тркалезна маса со граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор од Дебар
На 3-ти декември 2021, во хотел Венец во Дебар, се одржа тркалезна маса со локални бизниси, здруженија и институции од Дебар.
На оваа средба присуствуваа и членови на Кнауф и Слајс кои ги претставија своите инвестициски политики во заедницата и наведоа некои од примерите кога инвестирале и донирале во културни активности, спортски, хуманитарни, еколошки акци итн.
Дибра-Цапа Бањи ги претставија и нивните шеми и донации за инвестирање во заедницата, поддршка за културни, спортски, хуманитарни активности, шеми за стипендирање ученици и планови за отворање специјално училиште за деца.
Сите учесници изразија подготвеност да придонесат во реализирање на овој проект преку идентификување на потребите и проблемите, приоретизирање и превземање конкретни чекори за решавање на тие проблеми и потреби на заедницата. Партнери на оваа платформа ќе биде и општината и општинскиот совет.
Оваа активност беше реализирана во рамките на проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“, проект финансиски поддржан од Европската Унија и имплементиран од страна на Фондацијата Албиз во партнерство со Мултикултура, Центарот за одржлив развој на заедницата и Центарот за истражување и анализа НОВУС.