Новости

Тркалезна маса со граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор од Скопје

Денеска, на 9-ти декември 2021 година во хотел Double Tree by Hilton се одржа меѓу-секторска средба во рамки на проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“.

На оваа средба присуствуваа и претставници од компанијата Даути Комерц, кои го споделија своето искуство како компанија со општествена одговорност.

Исто така, СЕГ-Холдинг ги презентираше индикаторите за инвестиции во заедницата, развој на стратегија и распределба на буџетот од страна на компаниите за поддршка на иницијативи за доброто на општеството.

Оваа активност беше реализирана во рамките на проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“, проект финансиски поддржан од Европската Унија и имплементиран од страна на Фондацијата Албиз во партнерство со Мултикултура, Центарот за одржлив развој на заедницата и Центарот за истражување и анализа НОВУС.