Главната цел на проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“ (ЦИП) е унапредување на капацитетот на локалните граѓански организации за градење меѓусекторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедниците.
Специфичната цел на проектот е зајакнување на капацитетот за собирање средства на локалните заедници преку иницијативи предводени од граѓански организации и јавно-приватни иницијативи.
Проектот ќе се имплементира во Скопје, Тетово, Дебар и Струмица. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија. Времетраење на проектот е од јануари 2021 до април 2024 година.
ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ
1.1 Организација на настани за сензибилизација на ГО-бисниз иницијативи на национално ниво
1.2 Дизајн и лансирање на дигитална платформа за инвестиции во заедницата (веб и мобилен телефон)
1.3 Воспоставување на систем за управување со податоци во рамките на Платформата на ГО-деловниот сектор
1.4 Организација на состаноци на Платформата за инвестиции во заедницата
2.1 Истражување и мапирање на соработката во заедницата во земјата
2.2 Идентификување на локалните меѓусекторски иницијативи за подобар живот во заедницата
2.3 Презентација на локални меѓусекторски иницијативи за подобар живот во заедницата
3.1 Развој на платформа и Хаб за инвестиции во заедницата
3.2 Организација за менторство за ГО кои работат со деловни и јавни субјекти
3.3 Обука на ГО за вештини за дигитални медиуми
4.1 Потпишување на Меморандуми за разбирање со јавни субјекти за проширување на секторот на Платформата
4.2 Организација на форуми во заедницата со граѓански организации, бизнис и јавен сектор
4.3 Организација на национална медиумска кампања за собирање средства и иницијативи на заедницата
РЕЗУЛТАТИ
Резултат 1. Проширена деловна јавна платформа на граѓански организации, предводена од граѓански организации
Резултат 2. Идентификувани предизвици и можности за развој на локалната заедница преку заеднички пристап меѓу заедниците
Резултат 3. Развиен капацитет на ГО да генерираат и водат решенија за развој на заедницата со деловниот и јавниот сектор
Резултат 4. Лансирани јавно-приватни иницијативи за развој на заедниците