Новости

Средби со членовите на платформата и Инфо Сесии во 4 региони

Во рамките на ЦИП се одржаа 4 средби со членовите на Платформата кои исто така служеа и како Инфо Сесија за Повикот за доделување на грантови на граѓанските организации кој беше објавен истиот период. Средбите беа организирани во периодот од 30 Март до 1 Април 2022 година во Скопје, Струмица, Дебар и Тетово.

Првиот дел од средбите беше насочен кон теми поврзани директно со проектот: напредокот на ЦИП, функционалноста на дигиталната платформа, како истата да се промовира, дополнување на платформата со корисна содржина и објава на конкретни Иницијативи.  

Вториот дел од состанокот служеше како Инфо сесија каде што Проектниот Менаџер  детално го објасни Повикот за доделување на грантови и сите Анекси и придружни документи потребни за комплетирање на апликацијата.  

Исто така поканивме и фасилитатор кој преку неговата презентација им помогне на граѓанските организации да ги прилагодат потребите на нивните организации со повикот за грантови. Тој, исто така, ја објасни важноста на циклусот за менаџирање со проекти; почнувајќи со дефинирање на името на проектот, продолжувајќи со целта на проектот, дефинирање на резултатите, дефинирање на активности, а исто така и поставување на целна група и  предлог план за одржливост на проектот.