Споделено знаење
- by nazlije
Споделено знаење е здружение на граѓани чија цел е создавање, собирање и умножување на слободни содржини на непрофитен начин преку поддржување на идејата сите луѓе да имаат еднаков пристап до базите на знаење и до системите на образование. Здружението е признаено како подружна организација на Фондацијата Викимедија и својата дејност главно ја извршува преку промоција и развој на викимедиините проекти (пр. Википедија, Википодатоци, Ризница и др.). Во рамки на својата дејност, здружението организира обуки за запознавање на пошироката јавност со викимедиините проекти и стекнување дигитални вештини, работилници за премостување на тематските и родови јазови преку создавање содржини на Википедија на македонски јазик, истражувачки експедиции за создавање слободни фотографии од неистражени места, производство на мултимедијални содржини како отворени образовни ресурси, создавање бази на отворени податоци, програми за микрогрантови заради поддршка, како и дигитализирање печатени материјали. Активностите на здружението се насочени кон остварување на две од Целите за одржлив развој (ЦОР) на Обединетите нации, односно ЦОР 4: Квалитетно образование и ЦОР 5: Родова еднаквост.
Skopje
Skopje Region
1000
Macedonia (the former Yugoslav Republic of)
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.