Новости

Донаторска кампања во Дебар

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, на 3 декември 2022, во Домот на културата во Дебар, во рамки на ПИЗ беше организирана донаторска кампања од Центарот за одржлив развој на заедницата, во партнерство со Фондацијата Албиз, на која учествуваа претставници на граѓанскиот и јавниот сектор во заедничката активност насловена „Ликовна колонија“.

Над 100 ученици од трите локални училишта „Саид Најдени“, „Пенестија“ и „28 Ноември“ учествуваа и создадоа над 90 уметнички слики со различни теми. Сите уметнички дела беа изложени и понудени на продажба на јавна аукција која ја посетија околу 80 дебарчани, меѓу кои и лица со посебни потреби и новинари од локалните медиуми. На аукцијата се продадоа 40 слики за вкупна сума од 19.310 денари.

На учениците кои придонесоа на ликовната колонија им беше доделена Благодарница а најдобрите три уметнички слики добија скромни награди. Собраните средства, заедно со 10.700 МКД донирани од Фондацијата Албиз, беа искористени за набавка на клима уред Инвертер за потребите на Дневниот центар за деца со посебни потреби во Дебар, кој беше инсталиран на 13.12.2022 година.