Новости

Меѓусекторски состанок во Дебар

На 18-ти ноември 2021 год.  (четврток), со почеток во 13:00 часот, во хотел Венец, Дебар, се одржа меѓусекторски состанок во рамките на проектот Платформата за инвестиции во заедницата. Размената на добри практики и соработката меѓу различни актери за инвестиции во заедницата беше главната дискусија на денешната средба на граѓанскиот сектор, бизнис и јавниот сектор од Дебар.

Тие се согласуваат дека треба да има повеќе меѓусекторска соработка за да се придонесе за социо-економски развој во заедницата. Исто така, на денешната средба беа презентирани наодите од истражувањето „Перцепции на граѓанското општество и бизнис секторот за инвестирање во заедницата“.