Новости

Меѓусекторски состанок во Тетово

На 19-ти ноември 2021 год. (петок), со почеток во 10:00 часот, во хотел НБ ХОТЕЛ & СПА, Тетово, се одржа меѓусекторски состанок во рамките на проектот Платформата за инвестиции во заедницата.


Размена на добри практики и соработка меѓу различни актери за инвестирање во заедницата, беше главната дискусија на денешната средба на граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор од Тетово. Тие се согласуваат дека треба да има повеќе меѓусекторска соработка за да подбри социо-економскиот развој во заедницата.


Исто така, на денешната средба беа презентирани наодите од истражувањето „Перцепции на граѓанското општество и бизнис секторот за инвестирање во заедницата“.