Новости

Потпишан договор за партнерство меѓу Фондација Албиз и проектните партнери

Фондацијата за развој на образование и култура Албиз од Скопје во партнерство со Здружението Мултикултура од Тетово, Здружение Центар за одржлив развој на заедницата (CSCD) од Дебар и Здружение на граѓани Центар за истражувањa и анализи НОВУС од Струмица, започнаа со спроведување на проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“. Овие денови тие потпишаа договор за партнерство за спроведување на проектните активности.

Проектот ќе придонесе за унапредување на капацитетот на локалните ГО за градење меѓусекторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедниците во земјата.

Во текот на проектот ќе се работи на проширување на неформалната Платформа за  соработка меѓу граѓанските организации и бизнис секторот, идентификација на предизвиците и можностите на локалната заедница, градење на капацитети на ГО како двигатели на инвестициите во заедницата, како и промоција на јавно-приватни иницијативи.

Целни групи на проектот се локалните граѓански организации и граѓаните, локалните бизниси и локалните самоуправи и јавни институции. Проектот ќе се спроведе во Скопје, Тетово, Дебар и Струмица.

Проектот е во траење од 40 месеци и е ко-финансиран од страна на Делегацијата на Европска Унија во Скопје.