Новости

Потпишување на Меморандум за Соработка со Општина Дебар

На 13-ти декемеври 2021, во ресторан Венец, Центар за одржлив развој на заедницата-Дебар потпиша Меморандум за Соработка со Општина Дебар, застапувана и претставувана од градоначалникот ХЕКУРАН ДУКА.

Потпишувањето на овој Меморандум ја одразува волјата и подготвеноста на двете страни за соработка и заедничка реализација на активностите во рамките на проектот “Платформа за инвестиции во заедницата – ЦИП“.

Спроведувачи на проектот се: Фондацијата Албиз, во партнерство со Здружението Мултикултура од Тетово, Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар и Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица. Период на имплементација на проектот е од јануари 2021 до април 2024 година, проектот е финансиран од страна на Европската Унија.