Новости

Повик за доделување грантови на граѓанските организации

Фондација Албиз во рамките на проектот “Платформа за инвестиции во заедницата (ЦИП)”, финансиран од Европската Унија, објавува Повик за доделување грантови на граѓанските организации – прва фаза 2022.

Целта на повикот за ре-грантирање е да обезбеди мотивација и поддршка на локалните граѓански/грас-рут организации да реализираат проекти во заедницата коишто ќе го покажат патот кон подобрена благосостојба на жителите, со фокус на младите и жените.

ПОСТАПКА И КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Крајниот рок за доставување на апликациите е 22-ри април 2022 година до 16:00 часот. Апликациите треба да се доставуваат во електронска форма на адресата info@cip.mk.

Деталните информации за повикот, заедно со потребните формулари што треба да се пополнат, може да се преземат во прилогот подолу.