Реализирана првата средба со проектните партнери
На 16-ти март 2021, во Скопје се одржа првата средба со проектните партнери, во рамките на проектот Платформа за инвестиции во заедницата. Проектот се имплементира во Скопје, Тетово, Дебар и Струмица. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија.
На оваа средба се дискутираше за начинот на работење, комуникација и ефикасно реализирање на сите проектни активности.
Главната цел на проектот е унапредување на капацитетот на локалните граѓански организации за градење меѓусекторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедниците.
Специфичната цел на проектот е зајакнување на капацитетот за собирање средства на локалните заедници преку иницијативи предводени од граѓански организации и јавно-приватни иницијативи.
Главната цел на проектот е унапредување на капацитетот на локалните граѓански организации за градење меѓусекторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедниците.
Фондацијата за развој на образование и култура Албиз, во партнерство со Здружението Мултикултура од Тетово, Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар и Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица, го спроведуваат проектот „Платформа за инвестиции во заедницата (ЦИП).
Времетраење на проектот е од јануари 2021 до април 2024 година.