Новости

Средба со граѓанскиот сектор од Тетово

На 21 мај 2021 год. (петок), со почеток од 11:00 часот, во просториите на Institute for Leadership and Public Policy – ILPP, Тетово, се одржа првата средба со граѓанскиот сектор од Тетово.

На оваа средба се презентираше проектот и проектните активности. Истотака, детално се зборуваше и за креирањето на платформата, функсионалноста и одговорноста на членките на платформата.

На оваа средба се разговараше и за соработката помеѓу граѓанскиот и бизнис секторот и како оваа соработка може да се подобри за заеднички да се работи на решавање на различни проблеми во заедницата.