Тркалезна маса со граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор од Струмица
Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамки на проектот “Платформа за инвестиции во заедницата”, на 10-ти декември 2021, одржа тркалезна маса со граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор од Југоисточниот плански регион.
Денешниот настан резултираше со плодна дискусија, елаборирање на индикаторите за платформата, одржливоста на инвестиции, соработката со релевантните чинители во заедницата како и размена на искуства, практики и успешни приказни на три општествено одговорни компании.
Проектот цели кон унапредување на капацитетот на локалните граѓански организации за градење меѓу-секторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедниците.Проектот е финансиран од страна на Европската Унија. Спроведувачи на проектот се: Фондацијата Албиз, во партнерство со Здружението Мултикултура од Тетово, Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар и Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица.