Новости

Youth Agro Cooperative

Во рамки на проектот Youth Agro Cooperative на ЗИП Институт, подржан со грант од Платформата за Инвестиции во Заедницата, во периодот од 20 – 23 јули, во село Бојане општина Сарај, спроведени се четири еднодневни обуки од страна на експертите Ertan Karabiyik и Ozgur Cetinkaya од Development Workshop од Турција.

Во текот на обуките учесниците имаа можност да научат како подобро да менаџираат проекти и административни аспекти од проектите, како да практикуваат подобар маркетинг и како да создадат бренд. Дел од обуките се однесуваа и на подобро разбирање и подобрување на процесот на продажба и употребата на пестициди.