Новости

Запознајте ја Радика-ДЕ, нашиот добитник на суб-грант од Дебар

Запознајте ја Радика-ДЕ, нашиот добитник на суб-грант од Дебар со нивниот проект „ЗДРАВА ХРАНА – ЗДРАВ ЖИВОТ“

Радика-ДЕ успешно спроведе три состаноци за мобилизација на заедницата, во кои беа ангажирани жени и млади девојки од селата во Дебар. Имено, беа организирани три фокус групи со цел да се подобри подготовката на домашна био храна, вклучувајќи џемови, компоти и сушење на билки за чаеви и зачини.

Целта е да се охрабрат овие жени за да ги прошират своите вештини надвор од личната употреба и поттикнување на истите да истражат можности за проширување на производството со фокус на комерцијални цели.

Организирани се две сесии за обука на учесниците за вештини за дизајн, пакување и промоција на социјалните мрежи. Приоритетот лежи во користењето на исплатливи материјали за пакување и употребата на технологија за ефикасна промоција и продажба на производи.

Сведочете на извонредното патување на Радика-ДЕ додека тие ги претвораат локалните вештини во фонтана на одржлив приход!