Тркалезна маса со граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор од Тетово
На 14-ти декември 2021, во Тетово, се одржа тркалезна маса со ГО, приватниот и јавниот сектор.
Проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“ уште еднаш ги собра релевантните актери од Тетово за да разговараат за заедничката соработка и инвестициите во заедницата.
Покрај ова, беше толку инспиративно да се слуша приказната за М Хаус, Хотел СКАРДУС и Центарот за развој на бизнис – УЈИЕ и нивното искуство и посветеност како компании кои се општествени одговорни
За време на тркалезната маса беа презентирани и индикаторите за инвестиции во заедницата, развој на стратегија и распределба на буџетот од страна на компаниите за поддршка на иницијативи за доброто на општеството.
Оваа активност се реализираше во рамките на проектот Платформа за инвестиции во заедницата, кој го спроведуваат Фондација Албиз, Здружението Мултикултура, Здружението Центар за одржлив развој ЦСЦД и Здружението Центар за истражување и анализа Новус.
Овој проект е финансиски поддржан од Европската Унија.