ДОДЕЛЕНИ СЕДУМ ГРАНТАВИ ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Комисијата за избор на грантови ги евалуираше апликациите поднесени од организациите на повикот за грантови за граѓански организации – прва фаза 2022 година, во периодот од 22 март до 22 април 2022 година.
Поднесени се 32 апликации, од кои седум организации се наградени со грантови, и тоа:
1. АДЕК & ПСИКАЛБ, Тетово, со проектот “ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ ВО ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ”;
2. ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И РАЗВОЈ – ЦЕД, Тетово, со проектот “АКТИВНИ МЛАДИ И ЖЕНИ ЗА ОДРЖЛИВО РУРАЛНО ПОДРАЧЈЕ”;
3. ФЛАГЕЛУМ, Скопје, со проектот “ТРАНСФОРМИРАМЕ И УЧЕСТВУВАМЕ”;
4. ХОРИЗОН ЦИВИТАС, Скопје, со проектот “LUB-ON-WO-CRAFT-СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА РАЗВОЈ НА ЗАНАЕТИТЕ ЗА ОНЛАЈН ПРОДАЖБА, ЗА ЖЕНИ”;
5. СИНАПСИС ВОРЛД , Дебар, со проектот “SMARTRURAL”;
6. ВК АКТИВ, Струмица, со проектот “СТРУМИЦА НА ТОЧАK”;
7. ЗИП ИНСТИТУТ, Скопје, со проектот “МЛАДИНСКА АГРО КООПЕРАТИВА”.
Новите корисници ќе работат во секторот за образование, култура, информатика, како и развој на животната средина и природни ресурси. Акциите ќе се спроведуваат во период од девет до дванаесет месеци.
Избраните организации се од регионот на Струмица, Скопје, Тетово и Дебар и ќе работат на локално ниво.
Вкупната поддршка на Платформата за инвестиции во заедницата за овие грантови е 45.000 евра.