Новости

Обука „Вештини за дигитални медиуми“ во Струмица

Денес во Струмица ја спроведуваме последната обука „Вештини за дигитални медиуми“ во рамки на Платформата за инвестиции во заедницата. Пред претставниците на граѓанските организации NOVUS, Europe House Strumica, Трензен, Младински совет Струмица, Црвен крст Струмица, Совет на млади Босилово, Етно ресторан Кај Виктор и ВК Актив, се презентираат главните дигитални алатки и најпопуларните социјални платформи од корист за граѓанскиот сектор од страна на експертот Предраг Николовски.