Новости

Потпишување на Меморандум за Соработка со Општина Струмица

Во рамки на проектот “Платформа за инвестиции во заедницата” остварена е средба со Градоначалникот на општина Струмица Г. Костадин Костадинов.

На средбата од страна на ЦИА Новус и Фондација Албиз беа презентирани активностите кои се планираат да се спроведат во рамки на проектот и начинот на функционирање на платформата за понатамошна меѓусебна соработка, поддршка и реализација на активностите во рамките на проектот.

Општина Струмица и Центарот за истражување и анализи НОВУС се согласија дека ќе соработуваат и дека нивната заедничка соработка ќе биде спроведена преку:

– Поддршка во реализирање на проектните активности;

– Поддршка во дистрибуција на промотивниот материјал продуцирани во рамките на проектот;

– Поддршка за организирање на средби со граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор;

– Поддршка за одржување на дигиталната Платформата за инвестиции во заедницата преку која ќе се генерираат фондови за иницијативи за доброто на општеството.

Ваквиот концепт на соработка со о.Струмица во иднина ќе резултира и со потпишување на Меморандум кој ќе ја одразува волјата и подготвеноста на двете страни за соработка и заедничка реализација на активностите во врска со спроведување на проектот “Платформа за инвестиции во заедницата – ЦИП“, финансиски поддржан од Европската Унија.