Новости, Новости

ТОРТИЈАДА 2023

Поддржете ја традиционалната манифестација на Мобилност – ТОРТИЈАДА!

Тортијада е традиционална манифестација на Мобилност Струмица која се одржува 23 години, со цел за поголема инлкузија на лицата со инвалидитет каде можат да се дружат и да ги покажат своите вештини во изработка на торти.

За да ја реализираме организацијата на оваа манифестаација потребни се средства како би обезбедиле ноќевања на нашите членови од другите градови кои што се пријавуваат за учество на манифестацијата, исто така потребни се средства за храна и пијалок, за послужување на присутните членови на манифестацијата. Зависно од можностите, би сакале да обезбедиме скромни подароци на првите три најдобри изработки, како би ја зголемиле мотивацијата за учество во манифестацијата.

Долгогодишната работа на терен со лицата со попреченост се повеќе не уверува дека има потреба од вакви настани, каде истите тие лица ќе добијат можност да ги покажат своите вештини и знаења и да ги презентираат во јавноста.

Со цел за поквалитетен живот на лицата со попреченост,

Донирајте на https://cip.mk/…/i-nie-mozheme-i-nie-umeeme-tortijada…/ за оваа идеја да стане реалност.