Новости

Форумска дискусијa Тетово

Форумска дискусија помеѓу бизниси, невладини организации и јавниот сектор!


Денеска, во рамките на проектот Платформа за инвестирање во заедницата, беше организирана форумска дискусија на која учесниците разговараа за важноста на јавно-приватната соработка.


Денешниот настан беше добра можност повеќе да се зборува за успешни иницијативи и да се размислува за нови начини на партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор.


Оваа активност се реализираше во рамките на проектот Платформа за инвестирање во заедницата, кој го спроведуваат Фондацијата Албиз, Здружението Мултикултура, Здружението Центар за одржлив развој ЦСЦД и Здружението Центар за истражување и анализа Новус.


Овој проект е финансиски поддржан од Европската Унија.