Потпишување на грантови
На 30 јуни 2022, во рамки на проектот Платформа за инвестиции во заедницата (ЦИП), беше промовирана Дигиталната платформа за инвестиции во заедницата, како и се доделија седум под-грантови на локални граѓански организации. Невладините организации кои придобија од Фондацијата Албиз во првата фаза на под-грантирање се: ФЛАГЕЛУМ, ХОРИЗОН ЦИВИТАС и ЗИП ИНСТИТУТ од Скопје, ADEC & PSYCHALB и ЦЕД од Тетово, СИНАПСИС ВОРЛД од Дебар и ВК АКТИВ од Струмица.
Се надеваме на успешна соработка во процесот на имплементација.
Фондација Албиз ги поканува сите други организации од граѓанскиот сектор кои во првата фаза не добиле под-грант да аплицираат на следниот повик за под-грантови во втората фаза што ќе биде објавен во декември 2022 или јануари 2023 година.