ПРОЕКТ инициатива „Професионално советување и менторство за матуранти“
„Професионално советување и менторство за матуранти“ е проектна иницијатива која нуди асистенција за професионална ориентација и кариерен развој за млади и средношколски матуранти од тетовскиот регион. Со оваа иницијатива се цели да се санира проблемот со огромниот број на невработени млади лица од регионот и покрај потребата од работна сила за приватните компании, како и да се влијае на проблемот со високата емиграција на младите лица во западните држави. Бизнис секторот е најповикан да ја поддржи оваа иницијатива бидејќи и најголемите придобивки се токму за нив. Донирајте за себе!