Средба со членовите на Управниот Одбор
На 6-ти Октомври 2021 год. (среда), со почеток во 11:00 часот, во Скопје се одржа првиот состанок со членовите на Управниот Одбор во рамките на проектот Платформа за инвестиции во заедницата.
На оваа средба се презентираше проектот, проектните активности – реализирани и во тек. Исто така доста време се посвети на улогата на Управниот Одбор во рамките на овој проект.
Средбата беше доста продуктивна и беа разменети различни искуства. Претставници на бизнис секторот беа од Даути-Транспортшпед, Даути Комерц и Локалис Трејд.
Овие бизнии со гордост споделија со нас на кој начин соработуваат со невладиниот и јавниот сектор и нивната спременост да го подобрат животот во нашето општество.